
Во рамки на проектот односно „Кампања за информирање на ромското население за пристапот на општински, социјални и здравствени услуги“ денеска се посетија сите семејства од ромска националност во Општина Штип. Со тим од медицински лица и волонтери, но и делење флаери се работеше на подигање на ромската свест во однос на одржување на хигиена, здравствени услуги, лични документи и слично.
„Во рамки на самата кампања, во тек сме и ќе започнеме со спроведување на прашалник кој е подготвен со цел да се направи ажурирање на податоците од последниот попис од 2002 година, за населението на ромите во општините Штип и Берово. И да се приберат потребните информации од аспект на демографската, економската, образовната и здравствена состојба на ромите, како и пристапот до социјалните услуги и вработувањата кои понатаму ќе придонесат кон креирање на општинските програми и иницијативи за унапредување на состојбата на оваа заедница, во овие две општини Штип и Берово.“ истакна Ерол Адемов.
Како најголем проблем со кој се соочуваат ромите во Општина Штип се немањето сосдветни лични документи, но и проблем земањето социјална помош, кажа Адемов. Ова го потрвдија и самите граѓани кои живеат на локацијата кај старото нервно одделение во Штип. Велат немаат социјална заштита, ниту соодветен кров над глава.
Првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов истакна дека во текот на наредната година предвидено е да се реализира и проектот типски куќи за сместување на граѓаните Роми од социјално загрозени семејства. Останува уште да се пронајде локација.
„Овој проект не е во целост реализиран затоа што сеуште не е утврдена локација. Ние сме сега во фаза на добивање согласност од страна на жителите на старото нервно одделение, коишто практично треба да добијат покрив над глава, една согласнот дека ќе бидат корисници на овие „типски куќи“. Веќе следната фаза ќе ја утврди локацијата. Има неколку опции во оптек. Најпрво се споменуваше локацијата кај Мирјанина Црква, но според деталниот урбанистички план таму не е дозволено домување. Сега бараме нова локација кадешто ќе бидат поставени овие „типски куќи“. Се надевам дека 2022 година ќе успееме да почнеме да го реализираме овој проект.“изјави Иван Јорданов, градноначалник на Општина Штип.
Посетата на ромските семејства е во склоп на проектот Шти и Берово заедно за подобрување на условите на живеење на ромските заедници, финансиран од годишната акциска програмана државата.
Лаура Стојанова МНет