Со пораки за здравје и мир верниците го слават празникот посветен на Света Петка

Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева –празник кај народот познат како Петковден.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Верниците и денеска ги посетија црквите и манастирите, а посетеност имаше и во црквата во населба Сењак во Штип. Граѓаните со пораки за здравје, мир и среќа.

Многу лековити извори се поврзани со името на Светаа Петка и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Уште од порано постои верувањето дека Света Петка може на тој ден да го претскаже идниот сопруг на секоја жена. Од личноста која го слави овој ден треба да се земат трошки од секој колач кој го исече домаќинката, а потоа да се стават под креветот. Нородот кажува дека девојката која ќе спие на тој кревет ноќеска ќе го сонува идниот сопруг. Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година

Тој е прв празник за домашна слава од зимките слави.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Света Петка(македонски),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.

-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.

Лаура Стојанова М-Нет