Со положување свежо цвеќе одбележани 81 година од смртта на Вита Поп Јорданова во Штип

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на Викторија Поп Јорданова се одбележаа 81 година од нејзината прерана смрт. Преставници од Општина Штип, политички партии, делегации, здруженија и пријатели и оддаоа почита на Вита Поп Јорданова, а настанот беше збогатен и со пригоден рецитал.

„Го одбележуваме денот кога таа на планината Шара падна погодена од куршум, падна Цена, но во нашите срца остана нејзиниот дух, остана револуционерката која се бореше за слобода на македонскиот народ. Загина на Скопска Црна Гора, загина во сојуз со балистите, чувајќи ја наредбата на главниот штаб.“ – вели Мицевски.

Уште од мали нозе започнува да се бори за слободна држава, па од овде произлегуваат и големиот број нејзини прогони уште кога била дете и одела на училиште. Загиува млада погодена од куршум без да дочека да ја види слободна својата Македонија.

Вита Поп Јордановa беше родена на 7 февруари 1924 година во семејство на Софија и Петар Поп Јорданови.

Лаура Стојанова М-Нет