Денеска со положување свежо цвеќе пред спомен плочата кај Народниот театар се одбележаа 83 години од бомбардирањето на градот од германските окупатори. Шести април е важен историски ден кога градот бил нападнат од фашистичката воена авијација. Во далечната 1941 година биле оддржани демонстрации на територијата на цела бивша Југославија, вклучувајќи ја и Македонија. Идеите и замислите на Хитлер и неговите сојузници биле расипани за вклучување на Македонија и бивша Југославија во Тројниот пакт.
„ Денеска се собравме тука, пред спомен плочата на Народниот театар за да одбележиме 83 години од бомбардирањето на Штип. Бомбардиран од германскиот фашистички окупатор и неговите сојузници. Демонстрациите оддржани на 27 март 1941 година на територијата на цела бивша Југославија. А во тие рамки и на Македонија, ги расипале сите замисли и идеи на Хитлер и неговите сојузници за вклучување на бивша Југославија, а со тоа и на македонскиот народ во Тројниот пакт„ изјави Петар Мицевски

Без никакво предупредување и најава на 6 април 1941 година во раните утрински часови, додека месното население спиело, а други пак оделе на работа Германците го бомбардирале градот Штип , со тоа што во текот на денот успеале целосно да го окупираат. Со овој напад биле опустошени многу куќи меѓу кои и зградата на старата болница. При нападот 54 лица ги загубиле своите животи од кои 22 лица биле тешко ранети, а 10 се водат како исчезнати. Во текот на војната загинале две лица од Штип кои биле дел од бившата Југословенска војна.
„ Германското воздухопловство го изврши варварското бомбардирање на Штип од базата на царска Бугарија, без никакво предупредување на 6 април 1941 год во раните утрински часови, додека месното население се уште спиело а некои оделе на работа. Бомбардирањето е спорведено во два налета: Во првиот налет, германските сили што доаѓале од исток се спуштиле нисок над источниот дел над градот и коритото на реката Отиња , фрлајќи го својот смртоносен товар врз незаштитените населби.“
Војната завршила на 17 април 1941 година кога Германија конечно извршила окупација, капитулација, и поделба на Југославија. Секоја година овој ден се одбележува со положување свежо цвеќе.
Лаура Стојанова, М-Нет