
Со положување свежо цвеќе, денеска, пред алеата на народни борци во Штип, претставници од Локалната самоуправа, делегации, установи, здруженија, пријатели го одбележаа деветти мај, Денот на победата над фашизмот.
„Овој ден има своја немерлива историска димензија и вредност во светски размери, бидејќи на 9 мај 1945 година триумфално и со блескава победа заврши победоносниот од и пад на ослободителната борба на силите на антихитлеровската коалиција и алијансата. Тоа значеше дефинитивен крах и дебакл на поробувачката окупаторска политика. Деветти мај 1945 година е грандиозен настан, епохален ден со кој се потврди победата на коалицијата на бруталните апокалиптички сили на Германскиот Рајх со неговите сателити, Италија и Јапонија, и фашистичките поддржувачи, Шпанија, Бугарија, Унгарија и други“, зборуваше во својот пригоден говор претседателот на Сојузот на борци, Петар Мицевски.
Во тоа време македонскиот народ се бореше за слободна држава и победа над фашизмот. Во периодот од четири години македонската војска со натчовечки сили и маки се бореше за слободна држава.
„Во тие битки рамо до рамо со Македонецот се борел и Србинот, Црногорецот, Влавот, Турчинот, Албанецот, Ромот и други. Сите сплотени во едно беа непобедливи. Еден за сите, сите за еден! Денес преточувајќи го времето на сопствената историја и анализирајќи ги придобивките од НОВ на Македонија, констатираме дека темелите на нашата суверена и самостојна македонска држава се поставени на тлото е поткопено со крвта на паднатите борци“, додава Мицевски.
Со денешниот настан во Штип се одбележаа 77 години од победата над фашизмот.
Лаура Стојанова М-Нет