Со положување свежо цвеќе на Исарот во Штип одбележан празникот 11 октомври

По повод денот на македонското востание, со положување свежо цвеќе, претставници од локалната самоуправа, делегации, политички партии и пријатели оддадоа чест на борците кои пред 80 години се бореле за слободна македонија. Претседателот на сојузот на борци Штип Петар Мицевски, на самиот настан им го честита празникот на целиот македони народ, додавајќии дека годинава навршуваат 80 години од почетокот на народното востание и 77 од формирање на Сојузот на борци Штип.

“Од мое лично име да ве поздравам и да ви го честитам големиот празник на македонскиот народ, најголем по својата историска величина 11 Октомври. Годинава се навршуват 80 години од почетокот на народното востание и 77 години од формирањето на Сојуз на борците Штип.“, истакна Мицевски

Наша обврска и одговорност е да ја браниме земјата, како и придобивките од народно ослободителната борба истакна Мицевски

“На сите нив, им оддаваме почит и благодарност бидејќи тие се тука со нас, тука со нас е нивниот дух. Полни сме со почит и благодарност, со чувство на голема одговорност, денеска заедно со нив стоиме за да ги одбраниме и зачуваме тековините на окомври. Да ја одбраниме слободата, интегритетот на нашата држава на овој македонски простор, бидејќи само тоа е доказ дека сме будни и одговорни за сонот за кои и тие гинече. Наша обврска е да ја браниме земјата да ги браниме придобивките од народно ослободителна борба.“, додава Мицевски

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври —државен празник што се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

Лаура Стојанова, М-Нет