
Со рецитал, едноминутен молк и положување свежо цвеќе кај Алеата на народни херои во Штип денеска се одбележа 37 годишнина од смртта на Љупчо Арсов. Преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, роднини и пријатели му оддадоа чест на Љупчо Арсов, а имаше и пригоден говор од страна на претседателот на здружението на борци.
„Денес се собравме тука пред спомен бистата на народниот херој Љупчо Арсов за да се присетиме кога точно на 19 ноемри 1986 година, пред 36 години почина кој е погребан во гробиштата на алеата на народни херои Бутел – Скопје. Љупчо произлегува од добра фамилија. Роден е во Штип на 19 мај 1910 година, овде завршува основно и средно образование а потоа се запишува на факултет и завршува економски науки“ – вели Мицевски.
Љупчо Арсов точно на 19 ноемри 1986 година, пред 36 години почина е погребан во гробиштата на алеата на народни херои Бутел – Скопје. Љупчо произлегува од добра фамилија. Роден е во Штип на 19 мај 1910 година, овде завршува основно и средно образование а потоа се запишува на факултет и завршува економски науки. На денешниот настан преку песна се истакна и важноста да се спречи вандализмот и да се слават имињата на хероите кои животот го дале за слободна држава.
Лаура Стојанова М-Нет