Со песни, балони и насмевки второодделенците ги пречекаа првачињата во ООУ „Димитар Влахов“

Со мини детска приредба, балони, многу насмевки и песни, втородделенчињата од ООУ ,,Димитар Влахов”, во училишниот двор им посакаа топло добредојдо на првачињата. Второодделенците знаат што ги очекува, па веќе го купиле потребниот прибор за пишување и цртање. Денес со заѕвонувањето на првото училишно ѕвонче, учениците ги очекуваат училишни денови, нови знаења, дружење, игра и многу убави моменти.

Првачињата, пак, рака под рака со своите родители, баби и дедовци, дојдоа да ја запознаат својата наставничка, новите другарчиња и својата училница. Денешниот ден е посебен и емотивен, нивните најмали го направија првиот чекор кон училиштето, кое допрво ќе стане нивни втор дом.

Најважно е децата да бидат среќни, да сакаат да учат и да растат со добри и успешни луѓе, а еден ден своето знаење и успех да го вложат токму во својот град.

Ева Тушевска, М-Нет