
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип вчера одбележа 36 години постоење. Душко Иванов, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип упати благодарност до сите членови, симпатизери, претседатели, приврзници и поддржуваци на ВМРО-ДПМНЕ. Иванов го честита роденденот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и посака уште многу работа и победи.
,,36 години посветеност, работа, одговорност, за граѓаните на Општина Штип, како ОК на Штип, да израззам благодарност за можноста, за интересот. Славиме 36 години, при тоа сакаме да се заблагодариме на сите членови, сите симпатизери, претседатели, структурите на ВМРО-ДПМНЕ, на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унија на ветерани, на основоположници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип и секако да се заблагодариме на сите коишто денес даваат свој придонес и на идните генерации кои ќе дадат, сигурен сум, можеби многу повеќе од тоа што сме ние успеале да го сработиме, трудејќи се максимално колку што можеме. На крајот сакам да го честитам роденденот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, да посакам многу успешни години работа, многу победи, како на локално ниво, така и на парламентарни избори на централно ниво и да се заблагодарам на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.“, рече Иванов
Бладогарност до основачите упати и Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кои и покрај сите прогони успеале да го формираат комитетот, но и на наследниците кои ја поддржале идејата за самостојна и независна Македонија.
,,Тука сме вечерва да се заблагодариме на основачите, на ветераните коишто и покрај сите прогони и уцени, закани го имаат формирано комитетот пред 36 години, меѓутоа и на нивните наследници коишто ја задржаа идејата за самостојна, независна, просперитетна Македонија, Македонија-членка на Европската Унија. Тука сме за да го потврдиме ВМРО-ДПМНЕ како основен фактор за Македонија, да прославиме со нашите штипјани, да покажеме дека сме биле и ќе бидеме победници во овој град”, кажа Ковачки
На настанот присуствуваа претставници од Унијата на млади сили, Унија на жени, Унија на ветерани и основоположниците на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Ева Тушевска, М-Нет