
Проблемот со сегрегацијата во ООУ Гоце Делчев во Штип да се реши и да не се крие повеќе под тепих е еднаод заложбите на општината. Фактот дека се формираат чисторомски паралелки во ова училиште двапати ја даде на суд Општина Штип. Роберт Аџипетров од одделението за образование вели дека дискриминација не постои во однос на простории, влези, кадар и слично, туку постои социјална бариера која мора да биде надмината.
„Во поглед на сегрегација, не значи дека овие ученци се изолирани во посебни простории, не значи дека овие ученици влегуваат во училиштето од различни влезови, ен значи дека немаат достапност до истиот наставен кадар, тие ги користат истите услови. Но постои една социјална бариера поделеност меѓу македонците и Ромите при што се формираат чисторомски паралелки“ – вели Аџипетров.
Во изминатиот период се преземени и низа мерки, а напревен е и акциски план со што би се надминал проблеот со сегрегацијата. Учениците Роми добија бесплатен превоз до друго штипско училиште за да бидат во паралелка каде доминираат македонски ученици, а се подобруваат и условите во ООУ Гоце Делчев со цел да се привлечат нови ученици.
„Како прво би споменал дека во неколки наврати беше променета реонизацијата, тоа беа и дел од препораките на Судот во Стразбург. Потоа со акцискиот план беше предвиден и превоз за учениците Роми до останатите училишта, нормално бесплатен превоз со кој тие би се сместиле во одделение во кое доминантно население би било македоското. Од оваа година се предвидуваат и одредени мерки кои се во фаза на анализа од аспект на позитиовна дискриминација на овие ученици, односно имплементирање на мерки во училиштето Гоце Делчев кои би биле суперфериорни во однос на мерките и условите кои ги имаат со цел да привлечеме нови ученици кон ова училиште“ – додава Аџипетров.
Дека се работи на условите во ООУ Гоце Делчев, со цел задржување на учениците овде зборува и фактот дека на последното доделување на награди на првенци на генерации, три од четири добитници на награди беа од ООУ Гоце Делчев.
Лаура Стојанова, М-Нет