Со мир во душата православните верници денес го чествуваат празникот посветен на отсекувањето на главата на Св. Јован

Со строг пост, мир во душата и желби за здравје и среќа, православните верници денес го чествуваат празникот посветен на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител, еден од 15 сетите големи празници во Христовата вера. Овој пост е еднодневен, а истиот е строг поради отсекувањето на главата на Крстителот во православната верата.

“Строг пост, празнувам,е го па. Па посеен ручок ќе си свареме гравче“, истакнаа граѓаните

“Строг пост, без зејтин,некој со зејтин, секој различно“, додаваат граѓаните

“Се палат свекички за здравје, мир, спокој. Посакувам се најдобро за сите што постоиме, мир и љубов и да се сакаме едни со други.“, велат граѓаните

Инаку, Страдањето на Јован Крстител се случило за време на царот Ирод Антипе, кој бил син на Ирод Постариот, убиец на витлеемските деца родени за време на Исус Христос.

Лаура Стојанова, М-Нет