
Преку мерење на крвен притисок, делење флаширана вода и флаери за заштита од топлнотниот бран, Црвен Крст повторно со акција во Штип . Според нивните препораки во период од 10:00 до 17:00 часот, најважно е граѓаните да избегнуваат излегување на сонце. Доколку се принудени, апелираат носење на лесна облека, конзумирање на многу вода и носење на шешир или капа.
,,Денес се наоѓаме во подрачјето на центарот на Штип и овде сме за да им пружиме на нашите граѓани правилни совети како да се заштитат од топлотниот бран. Денес делиме вода, како и флаери во кои има дадено препораки, како нашита граѓани можат да се заштитат од овие високи температури. Секако ќе мериме и крвен притисок на нашите граѓани со цел да укажеме дека топлото време може да предизвика гоолеми проблеми по нашето здравје, затоа даваме препораки во период од 10, пак се до 17 часот да се избегнува излегување од дома. Да се козумира доволно количини на вода. Доколку има потреба да се излезе, треба да носат што е можно по лесна облека, да козумираат доволно количина вода, да избегнуваат многу изложување на сонце, да носат шешир и капа. Доколку им се слоши, најпрво што треба да направат е да се тргнат подаелку од сонце и да се јават во најбислката здравствена институција.“, велат од Црвен крст Штип
Дека овие акции се особено важни за граѓаните, согласни се анкетираните, кој дополнително истакнаа дека препораките максимално ги почитуваат.
Црвен Крст Штип продолжува со својата активност за заштита на граѓаните, со цел да се минимизираат здравствените ризици кои ги носи екстремно високата температура.
Иван Митев, М-Нет