
Со ликовна изложба, музички точки и ревија на тема Мојата татковина денеска се одбележа патрон празникот на средното училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип. Учениците и наставниците заеднички подготвија пригодна и свечена манифестација преку која му оддадоа почит на Мирасичев.
„Денешниот ден ја имаме најубавата тема досега а тоа е Мојата татковина. Ние наставниците ги учиме како децата да ја сакаат и негуваат нашата татковина преку знаење и умеење, труд, љубов, почит, хуманост, со креативни идеи.“ – вели Варадиновска.
Како што истакна директорката, текстилното училиште во Штип располага со доволно опремени работилници и стручен кадар, како и ученици кои заеднички придонесоа за реализација на идеите за татковината како тема за патрониот празник.
„Нашето училиште располага со стручни опремени работилници како и со квалитетен кадар кој се труди максимално да одговори на потребите на нашите ученици да ја сакаат и негуваат нашата земја.“ – додава Варадиновска.
На денешниот настан учествуваат ученици од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип, а манифестацијата беше збогатена со точка изведена од страна на дечињата од ООУ „Димитар Влахов“.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет