
Со купување производи само на акција, стар леб и максимално штедење и водење ред во домовите поминува секојдневието на повозрасните граѓани во Штип. Некои штотуку влегле во пензија, други со деценија ја користат, но и обете велат тешко се поминуваат пензионерските денови. Токму на Меѓународниот ден на старите лица, 1 октомври, тие се децидни светската криза ја чувствуваат и тие.
Денес, 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, да застанеме и да ги погледнеме поинаку – не само како стари лица, туку како луѓе кои зад себе имаат цел живот исполнет со работа, грижа, жртви и љубов. Луѓе кои заслужуваат достоинствена старост, сигурност, здравје и почит, а не последните години од животот да ги поминуваат во сиромаштија, болест, осаменост и неизвесност.
Ева Тушевска, М-Нет