
Со свежа и пивка вода, полесна храна и дебела сенка, животните во ЗОО паркот Бриони во Штип полесно се справуваат со високите летни температури. Како и кај луѓето, и кај нив жештините бараат дополнителна грижа. Во летниот период им се менува начинот на исхрана, добиваат повеќе овошје и зеленчук, а водата за пиење редовно се менува за да биде секогаш свежа. Големите крошни од дрвјата им прават природна сенка и ги штитат од директните сончеви зраци.
,,Тука пред се ќе спомнам промена во самиот режим на исхрана. Животните се хранат во раните утрински часови, храната е полесна во однос на зимскиот период, преовладува храна која што е богата со течности, мислам овошје и зеленчук и сл. Друга важна работа е што на животните дел од објектите кои што се тука во ЗОО парк Бриони во дел од објектите има инсталирано и автоматски подлоги, кои што се приклучени на водоводната мрежа, така да во тие одгледувалишта животните имаат 24 часовна достапност до свежа пивка вода. Во оние каде што нема значи во садовите им се често пати менува водата. Потребна е повеќе количина на течности. Понатаму самата конфигурација на теренот е таква да изобилува со доста дрва со големи крошни, кои што формираат риродна и длабока сенка и на тој начин спречува диркено влијание на сончевите зраци до самите животни, што е исто така голема поволност за нас и самите живоните.“, рече Божиков
Освен основната грижа, за некои животни се потребни и посебни услови за полесно да ги поднесат жештините. За патките и шатките се обезбедуваат базени со свежа вода, виетнамските прасиња имаат места за разладување, а мајмуните климатизирани простории
,,Некој од животните ќе споменам дека се посебно осетливи на високи температури. Домашната живина, како патки, шатки, тие имаат посебно базен во кој што често пати се менува водата за да има е секогаш свежа и поладна. Во склоп на ЗОО паркот имаме виетнамски свињи кои што исто така се доста осетливи на високи температури и во нивните живеалишта, кои што се во комбинација на бетонски и земјен дел, во земјениот дел се прават калишта во кои што тие влегуваат и се разладуваат. Мајмуните исто така се сместени во објекти од цврста градба во кои што има инсталирано електрични уреди, односно клим уреди во кои што се климатизира внатрешноста на објектот. Општо за сите животни мора да се обезбеди сенка, да има доволно количина на вода, да се хранат рано и истата да биде полесна.“, додаде Божиков
Од ЗОО паркот Бриони велат дека грижата за животните трае во текот на целата година, а посебно внимание се посветува и на нивното здравје. Во летните месеци дополнително се следи нивната состојба и се преземаат мерки за полесно справување со високите температури.
Иван Митев, М-Нет