Со изложба на цртежи штипскиот музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите

Со изложба на цртежи во етнолошката поставка и бесплатна посета за сите граѓани НУ Завод и музеј Штип се вклучи во одбележувањето на 18 мај – Меѓународниот ден на музејот. Целта на ваквиот настан е да се покаже музејот во светло во кое заслужува, бидејќи тие се чувари на традицијата и на се она што се творело во историјата.

„Овој меѓународен ден се слави во сите земји во светот. Ние активно се вклучивме во одбележуцвање на овој ден. Ние ќе го одбележиме со една изложба на цртежи поставена во етнолошката поставка при нашиот музеј“ – вели Штерјов.

Мали цртежи до најситен детал на мали парчиња хартија од сликарот Иван Сулев беа дел од изложбата која денеска беше достапна за сите граѓани во Штип. Својата ликовна вредност стои од 60 тите години до ден денеска.

„Денешната изложба презентира цртежи насликани од еден ликовен уметник во периодот од 1960 – 1964 година, кој бил вработен во музејот како сликар етнолог, а тоа е Иван Сулев. Овие мали слики преставени на паноата отсликуваат предмети до најмал ситен детал, на мало парче хартија. Тие до ден денес не ја изгубиле својата ликовна вредност.“ – вели Иванова.

Директорот Штрејов во оваа прилика истакна дека се подговува изложба на црковни книги, која ќе биде отворена на 24 мај, а се работи и на останати проекти поврзани со негување на културното наследство.

Лаура Стојанова М-Нет