Со изложба на Дарко Трајков одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов сидром во Штип

Реализирана првата самостојна изложба на Дарко Трајков – лице со Даунов сидром. Денеска во штипската библиотека „Гоце Делчев“ беа изложени сликите кои се работеа цела година. Мајката на Дарко, вели дека треба многу трпение за овие лица да може да работат она што го сакаат. Сликањето е втора љубов на Дарко, оти како што вели Трајкова, најмногу од се сака да пее.

„Работата го одржува човек, а особено ако го работи тоа што го сака. Со децата со Даунов сидром треба повеќе трпение за да откриеме што ги прави среќни. Јас открив дека Дарко сака да слика и секој почеток не е лесен, кај нив е уште потешок, требаше многу поттикнување, многу мотивирање за да го работи тоа што сега го има изработено.“ – вели Трајкова.

Гордоста се забележуваше и на лицето на Дарко, кој вели дека не е важно што ќе црта, важно е да создаде слика која понатаму ќе биде изложена и допстапна за сите.

Децата со Даунов синдром се затворени, немаат другари, па потребно е повеќе ангажирање од страна на државата. Мајаката Трајкова децидна дека на таков начин тие ќе бидат пмногу по прифатени во околината и општеството.

„Децата со Даунов сидром се многу затворени, немаат друштво, немаат другари, не ги канат на роденден, на кино, на кафе и слично. Мора јас како родител да смислам што да направам за моето дете да го исполни денот“ – вели Трајкова.

Изложбата беше збогатена и со приредба, а со истата се одбележа 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов сидром.

Лаура Стојанова М-Нет