Со игра и музика штипјани ја продолжија традицијата на палење Коледарски огнови

Штипјани ја продолжија традицијата со палење на коледарски огнови. Во сите штипски населби вчеравечер со игра и музика, со погача и пијалоци, со желби за здравје, среќа и бериќетна година граѓаните продолжија да ги негуваат старите обичаи и адети, ден пред Коледе во пресрет на големиот христијански празник Божиќ.

„Јас сум кум, првпат, традицијата ја одржуваме многу оддамна, можеби и над 15 години. Мслам дека и во иднина традицијата треба да продолжи, имаме доста присутни граѓани. Сакаме ние од Бело Брдо да им го честитаме празникот на сите граѓани во Општина Штип. “

Според народните верувања оганот се пали за коледарите да се стоплат пред одењето од врата на врата кога го навестуваат Христовото раѓање. Според други верувања огнот е симбол на оној во пештерата христова.

Лаура Стојанова М-Нет