
Земјоделците и сточарите од овчеполско денеска со земјоделска механизација излегоа на протест во Свети Николе. Бараат под итно да се укине одлуката за депопулација односно унишување на свињите бидејќи тоа е нивна единствена егзистениција, а како што додаваат Свети Николе не е жариште на африканската чума. Имаат и низа други барања до ресорното министерство и Владата.
„Како прва точка сега што е најзафатена, итно носење на мерка за запирање на мерката за уништување на свињите кои не се зафатени од африканска чума. Втора точка итно носење мерка во делот на сточарството за зголемување на сточниот фонд. Во 2022 година во Општина Свети Николе се продадени 4000 овци. Итна измена на законот за земјоделско земјиште во кор при распишување на огласите, имаат земјоделците од Општина Свети Николе отфрлање на 60 бода кои беа за користење“ – кажа Анастасов.
Земјоделците баарат и укинување на мерката за задолжително осигурување која директоно влијае на добивањето субевнции. Исто така бараат поставувањето на фотоволтаиците да биде на земјиште од седма класа, бидејќи во спротивно ќе се остане без храна.

Поддршка на денешиот протест даде и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, кој истакна дека очекува поголем слух од страна на надлежните институции за проблемите на земјоделците.
„Јас како градоначалник на Свети Николе сум во секојдневне контакт со земјоделците бидејќи знаеме дека Свети Николе е земјоделски крај, а овчеполието е земјоделско подрачје кое второ и трето по големина во државата.“ – кажа Владев.
Земјоделците дадоа рок од десет дена надлежните да ги слушнат нивните барања и соодветно да одговорат. Во спортивно протестите ќе се радикализираат со блокада на експресниот пат Штип – Скопје и Велес – Штип.
Лаура Стојанова М-Нет