Со забавна програма за најамлите промовиран Театарот за млади и деца

Со забавна програма за најмалите денеска на плоштадот „Слобода“ во Штип се реализираше промоцијата на Театарот за деца и млади, кој ќе започне со детски претстави во петок навечер и ќе трае до недела. Претставата Трнорушка е резервирана за во петок, Зеленковци во сабота и Ивица и Марица во  недела.

„Имаме три претстави кои сакаме да ги претставиме пред најмладите гледачи. Овој театарски фестивал е девети по ред и ќе биде едно поинакво доживување. Имаме три претстави кои започнуваат од 19:30 часот, секој ден петок, сабота и недела“ истакна Трајков.

Децата денеска можеа да уживаат во изведба на музички точки, заеднички да се забавуваат и на поинаков начин да доживеа секојдневието. Од кловнови и жонглери, до добриуот крал и многу други ликови можеа да се сретнат на полоштадот во Штип. Децата пресреќни уживаа во моментот.

„Ја ссум добриот крал, ве поздравувам сите, сите да бидете здрави, весели и радосни.Имаме прекрасна најава за фестивалот на детски претстави кој започнува не утре, задутре. Какво задоволство најмалата публика, највеселата, најверната, најразиграната, најраспеаната публика за нив имаме подготвено неколку пртстави“ – додаде Рогожаров.

Картите за детските претсави може да се купат од билетарниците во Домот на култура и истите чинат по 100 денари.

Лаура Стојанова М-Нет