Со државната химна ќе почнува наставата во училиштата во Кочани, како и седниците на совет

Македонската државна химна ќе се интонира на почетокот на секооја работна недела во основните и средни училишта во Општина Кочани. Ова како предлог одлука беше предложено и едногласно усвоено на последната седница на Советот на Општина Кочани. Од училиштата ја поздравуваат ваквата одлука.

„Ова е една позитивна одлука на советот на Општина Кочани. Ние како училиште сме подготвени веќе од понеделник таа одлука да ја испочитуваме. Имаме и јарбол на кој ќе можеме подгинеме македонското знаме. Со ваквиот чин ќе го задржиме она државното кај нашите деца и ќе знаат да ја почитуваат и химната и знамето на нашата држава.“ – вели Андов.

Освен во основните и средни училишта химната ќе се инторнира и на почетокот на седниците на Советот во Кочани. Ова како одлука исто така беше надоврзано на претходната и едногласно прифатена од страна на советниците. На ваков начин се дига свеста кај граѓаните од најмали нозе, вели советникот Венко Крстевски.

Со интонирање на химната на почетокот на секој месец наставниот процес го започнува и училиштетото „Свети Климент Охридски“ во село Облешево.

Лаура Стојанова М-Нет