
Со доволни количини сол и ризла на зимските пунктови, ЈП „Македонија пат“ во истокот е подготвено за претстојната зима. На секој пункт има од 200 до 300 тони сол, а останува механизацијата да се опреми со плугови и соларки.
Иако претпријатието е подготвено за зимата, проблем на пунктовите е недостигот од работници, особено што дел од вработените заминуваат во пензија. Во Штип, Берово, Струмица, Делчево, Кочани и Свети Николе има потреба од нови вработувања. Дел од луѓето заминуваат во пензија, а нови кадри нема доволно.
Влатко Цоневски, раководител на претпријатието, вели дека засега состојбата е добра и дека се справуваат со тековните обврски, но потребата од нови работници останува, особено поради заминувањето на дел од вработените во пензија.
,,Со оглед на временските прилики мислам дека се уште е рано, но датата си е дата, доага ноември, кога мораме да ги запоседнеме зимските пунктови. Имаме доволно количина на сол и на ризла, така да спремни сме и за евентуално изненадување, како што велат луѓето, спремни сме само возилата треба да се наоружат со потребните соларки и плугови и да излезат на тервенција. Секој пункт си има и првата фаза е исполнета, знач околу 200 до 300 тони сол има на секој пункт во завиност дали е планински или низински. Значи тоа е за сол, да тоа е првата фаза, да почнеме, па потоа имаме втората фаза, па трета и така натаму.“, вели Цоневски
Со цел да се надополни недостигот од работници, Цоневски вели дека се преземаат чекори за нови вработувања, бидејќи потреба од кадар има во речиси сите секции во источниот регион.
,,Имам сега, меѓутоа се уште ни фали работна рака. Имаме интернеции секојдневно кога имаме врнежи од дожд на терените каде што имаме појава на одрони, така да тоа е горе долу решено. Не во целост, но да кажеме оти е решено. Вработени фалат по сите секции, не е само Штип, скору целиот источен регион. Имаме Берово, Струмица, Делчево, Кочани, делот према Велес, Св Николе , повеќе ни фалат, меѓутоа сега за сега е добро. Со природниот одлив во пензија што се оди се појава по малку проблем, меѓутоа раководните се водат ред за да пријавивме нови, затоа што стварно имаме потреба.“, додава Цоневски
Од „Македонија пат“ очекуваат и оваа зима да помине без поголеми проблеми, а екипите навреме да интервенираат и патиштата да останат проодни и при обилни снежни врнежи.
Иван Митев, М-Нет