Со гости од земјата и странство, Земјоделскиот факултет при УГД Штип денес беше домаќин на петтото меѓународно советување „Агро-наука и пракса 2026“

Со гости од Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово и Турција, Земјоделскиот факултет при УГД Штип беше домаќин на петтото меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“.
Настанот се одржа во Свечената сала на факултетот во Кампус 2 во Штип.
Во фокусот беше поврзувањето на науката со практичното земјоделско производство во време на сериозни климатски предизвици.
На советувањето учествуваа и над 30 претставници од производниот сектор, кои ја претставија својата работа и искуства.

Емилија Арсов, деканка на земјоделски факултет при УГД Штип

,, Mладите се оние кои што се нашата иднина. За да имаме светла иднина потребно е сите заедно, вклучувајки ги и младите да се вклучиме во земјоделската пракса, се со цел да имаме подобро производство. Оваа година имаме повеќе од 30 учесници, кои што се од производниот сектор, кои што со штандови ја претставуваат својата работа, така што да им оддадеме особено внимание и на нив. Ние како факултет, но и како институција стоиме секогаш рамо до рамо со сите производители, се со цел да имаат поголема поддршка од наша страна.“, вели Арсов

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски порача дека клучно е поврзувањето на науката со реалниот сектор при креирањето политики.
Тој нагласи дека Министерството активно соработува со научните институции и дека младите се идните лидери во земјоделството

„Сакам да потенцирам дека за министерството и Владата ем многу важно спојот помегу науката и реалниот сектор, затоа што секоја стратегија и документ мора да биде поткрепено со научни влијанија, затоа што на тој начин можеме да креаираме политики. Учеството мое на оваа денешна конференција е само уште еден показател дека министерството има навистина соработка со сите научни институции од облчаста на земјоделството и тоа е многу важно. Младите се идните лидери во земјоделскиот сектор. “, кажа Трипуновски

Производителите велат дека ако државата малку повеќе помогне, работите ќе тргнат на подобро за сите. Според нив, треба и младите што излегуваат од факултет да бидат повеќе насочени кон земјоделството, за да има вистинска корист за домашните фирми.

,,Мислам дека министерството треба малку да нио помогне на сите фирми а да производството биле подобро и да има повеќе ефект за нашите домашни фирми. Мислам дека треба да се преорентира насоката понатаму. Кадарот од факултетот да биде спрема фирмите што се со земјоделие.“, вели производители

Настанот покажа дека без заедничка работа меѓу науката, институциите и земјоделците нема напредок.
Јасно е дека иднината на земјоделството ја носат знаењето, новите идеи и младите луѓе.

Иван Митев, М-Нет