Со асфалтирање на улицата „Христијан Карпош“ официјално започна сезоната на асфалтирање во Штип

Со асфалтирање на улицата „Христијан Карпош“ во населбата Леваци во Штип започна официјално и сезоната на асфалтирање. Со подобрување на временските услови, во перидот кој следи ќе се асфалтираат сите улици кои претходно биле припремани за асфалт. Во населбата Леваци ќе се асфалтираат сите улици кои не се рекпнструирани во изминатите неколку децении.

„Од денес официјално започнува сезоната за асфалтирање, започнати се со работа асфалтните бази. Во изминатиот период се работеше на неколку локации за припрема кои деновиве ќе бидат асфалтирани. Во моментот се наоѓаме на улицата „Христијан Карпош“ во населбата Леваци, овде се работи на вториот асфалтен слој, а ќе се асфалтира и улицата „Коле Неделковски.“ – вели Јорданов.

Освен во населба Леваци, во Штип оваа пролет на големо ќе се работи кога е во прашање патната инфраструктура. Улиците кои не се реконструирани повеќе од 40 години ќе добијат нова подзмна инфраструктура, како и асфалтен слој. На ваков начин се работи за подобрување на условите за граѓаните, додаде Јорданов.

„Ќе се асфалтираат позициите во градот кадшто претходно се работеше на припрема, како конзолата, сервисната улица на булеварот „Гоце Делчев“, сите пристапни улички во кругот на КБ Штип и многу други улици. Очекувам многу работа во месеците кои следуваат. Внимаваме да има претходно промена на водоводната инфраструктура“ – додава Јорданов.

Наредниот период продолжуваат активностите и за уредување на паркинг позиции, тротоарски површини, постор пред станбени згради, како и детски и спортски игралишта.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет