Снег и минусни температури од саботa, зимата порано чукна на врата, штипските лекари со совети

Снег и минусни температури не очекуваат од сабота попладне, со што зимата и официјално тропна на врата.
Најголемиот студ, сепак, доаѓа од понеделник, кога не очекува поголем пад на утринските минуси температури, како и на дневните низ целата земја.
Какво што рече синоптичарот Марија Цветковска-Атанасова за М-Нет телевизија, студот продолжува и во почетокот на декември. Посочи дека само утрово во Берово измериле -11 степени.

,,Зимата е веќе дојдена. Поради спуштање на ладна воздушна маса од север за време на викендот врнежи ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините ќе бидат само од снег, каде што ќе се формира и нова снежна покривка. Денес на пример во истокот имавме -11 степени во Берово, тоа ни е најниско изменерена темепратура. Генерално така така ниски температури ќе имаме од понеделник, па натаму, мегутоа за време на викендот во сабота од попладневните часови веќе се очекуваат врнежи од снег. Почетокот на следната седмина ќе биде со минусни температури. Да и дневната температура ќе опадне.”, вели Цветковска-Атанасова

Врнежите најпрво ќе започнат со дожд и тоа уште вечерва, вели Цветковска-Атанасова, најавувајќи дека до недела локално ќе наврнат и над 80 литри на метар квадратен.

,,Под влијание на циклонска активност од денес од вечерните часови до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои што наместа ќе бидат пообилни над 30 литри на м2 за 24 часа. Во текот на целиот овој период се очекува да наврнат над 80 литри на м2.”, додава Цветковса-Атанасова

Инаку, на ваквите промени со времето, лекарите од Штип советуваат граѓаните внимателно да се облекуваат, да носат соодветна зимна облека, капа, јакна, ракавици, шал и слично. Апелираат да се внесуваат топли напитоци како чај. Да се пие доволно течности, да се седи повеќе до топли простории, да се конзумираат овошје и зелечуци се со цел да не дојде до нескани последици.

Ева Тушевска, М-Нет