
Запушување на канализациона шахта во централното градско подрачје во Општина Штип, секојдневно ги будеше граѓаните со огромна смрдеа наоколу. Фекалиите кои се испуштаа, завршуваа директно во празното корито на река Отиња, со што водата се таложеше а смрдеата се ширеше. За овој проблем, со кој се соочуваат граѓаните на Општина Штип, кои не можеа ниту да излезат, ниту да ги прошетаат своите миленичиња покрај реката, или да завршат било каква секојдневна работа а да не ја осетат миризбата побаравме одговор од ЈП „Исар“.
„По пријава од страна на граѓани за истекување на фекалии во речното корито на реката Отиња, излеговме на лице место и констатиравме дека постои запушување на канализациона шахта на ул. „Маршал Тито“, кај Стопанска банка. Во моментот од страна на ЈП„Исар“ испратена е екипа која што работи на отстранување на дефектот“ – кажа Валери Симов, раководител на водовод и канализација.
Со излегувањето на терен од страна на екипата на ЈП „Исар“, се очекува проблемот да биде решен во текот на денот.
Лаура Стојанова М-Нет