
Смокви, урми, костени, суви сливи, сезонско овошје. На последниот пазар пред Божиќ во Штип сите се подготвуваа за најсветлиот христијански празник, секој според своите можности. Ама, продавачите на пазарот во Штип задоволни и од раздвиженоста и од побарувачката. Цените се лански велат, ама барем достапни речиси за сечиј џеб.
„Раздвиженоста не е лоша, најважно е што е убаво времето, има побарувачка, троше се доста роба, нема измени од лани. Најмногу се бара костени, ореви, миндали, суво – смокви, слива, урма, суво грозје, овошје.“ – велат продавачите.
Задоволни од цените на пазарот во Штип се и купувачите. Велат примањата се ниски, ама за Бадник и Божиќ трпезата треба да биде полна.
„Нормални се цените, само за тие што имаат пензија, оние кои немаат – тоа е. Сега за Божиќ за Бадник, јаболка, слива. Сѐ е подготвено и гравчето, и сармата посна, благо сѐ“ – велат купувачите.
Дел од производите на пазарот беа достапни уште вечравечер кога и најмногу се трошеа. Ама и денеска задоволни од пазарниот ден се и продавачите и купувачите.
Лаура Стојанова М-Нет