
Последните 10 минути беа решавачки на средбата помеѓу Каменица Саса и Осогово од Кочани кога домакините изведоа две наврзина акции и постигнаа два гола. Се играше 82 м. кога домашните играчи го изведоа седмиот корнер а на нафрлената топка највисок во скокот беше и со глава реагираше штоперот Мартин Мисердовски и постигна гол за водство од 1:0. Играчите на Осогово тргнаа на се или ништо со цел да го израмнат резултатот, но токму тогаш „рударите“изведоа експлозивна акција преку Митар Соколовски која заврши со одлична асистенција и гол што во 84 м. го постигна Никола Божинов. Гол за победа која наиде на радост кај многубројната публика која со аплауз ги награди домсашните играчи кои пак возвратија симпатично со нивна препознатлива реакција. Судиската четворка на чело со Фатмир Бафто од Струга одлично го водеше натпреварот при што придонеасоа и актерите на теренот со фер и коректен однос.
Екипата на Слога освои три драгоцен бода на гости и повторно се искачи на врвот на табелата. Еве ги комплетните резултати од ова 19 коло:
- Братство – Слога 0:1
- Каменица Саса – Осогово 2:0
- Кожув – Локомотива 3:0
- Кит Го – Победа 1:1
- Беласица – Детонит 4:1
ТАБЕЛА
- Слога 25
- Победа 23
- К. Саса 20
- Беласица 17
- Кит Го 16
- Кожув 12
- Осогово 11
- Детонит 10
- Локомотива 4
- Братство 4
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk