
Во Виница во рамки на 5. коло ќе се соочат Слога и Беласица во меч каде домашниот тим предводен од штипскиот стратег Емил Грнев ќе бара враќање на победничките патеки после двата порази во низа, а од друга страна гостинот од Струмица кој го предводи Александар Стојанов ќе сака продолжува на победничката низа и нови три бодови.
Натпреварот е важен и за двете екипи. Слога Виница ќе мора да најдат начин како до триумф како до трите бодови бидејќи во секој друг случај за нив ќе биде нов неуспех на патот кон прогрес на средината од табелата.
Беласица е во одлична форма тимот игра одлично и нижи позитивни резултати, а оваа сезона струмичани сакаат влез во Првата лига, а пред нив сега е едно незгодно гостување во Виница.
Слога има одличен тим со искусни фудбалер на кој му треба само победнички рецепт за трите бодови, а пак Беласица има тим кој веќе неколку само се надополнува и засилува и тоа е силна страна за гостинот од Струмица.
Слога Виница со три бодови на своето конто е на 12-тото место или во зоната за директно испаѓање, а пак Беласица го дели првото место со Кожуф, Брегалница и Шкендија Арачиново со по десет бодови.
Александар Ванев, М-Нет