
Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток, откако денес со 2:1 славеше над Овче Поле во дербито на колото и победнички ја заврши есенската полусезона.
Амедов и Николов постигнаа два брзи гола за 2:0, а потоа Трендафилов постигна гол за конечни 2:1.
Пачарски го реши пијанечко-малешевското дерби во Делчево, откако Малеш славеше со 0:1 над Брегалница Делчево, во меч каде имаше повеќе од 1.500 публика.
Искусниот Влатко Коцев со два гола го реши натпреварот во Зрновци, откако Светлост со 2:1 славеше над Карбинци. За гостинскиот тим погоди Мирче Натков.
Ударник преку пресврт славеше голема победа од 3:1 над Дојранско Езеро во Пирава. Митков го донесе гостинот од Дојран прв до водство од 0:1 на полувреме во Вториот дел Грбашлиев, Дончев и Шата постигнаа погодоци за конечни 3:1.
Тиверија загуби со убедливи 0:4 од Хоризонт Турново и сезоната ја заврши на дното од табелата. Васко Коцев беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Коцевски и Мицевски.
Во следниот период во спортскиот магазин Трибина ќе ја анализираме Трета лига – Исток.
Александар Ванев, М-Нет