Славко Горгиев е новиот директор на НУ Завод и музеј Штип

Славко Горгиев е новиот директор на НУ Завод и музеј Штип. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Марија Причкова-Митева, која во изминатиот период раководеше со оваа културна институција.

Со новото назначување се очекува да продолжи реализацијата на започнатите проекти, но и да се отворат нови можности за развој и промоција на културното наследство во Штип и регионот.

Горгиев функцијата ја презема во период кога институцијата работи на повеќе активности поврзани со заштита, истражување и презентација на културното богатство. Очекувањата се дека соработката со локалната самоуправа, културните работници и јавноста ќе продолжи и во наредниот период, со цел културното наследство да биде уште подостапно за граѓаните и посетителите.

Иван Митев, М-Нет