Видеоснимка направена по силното невреме што денеска го зафати Скопје прикажува несекојдневна сцена на булевар „Србија“.
На снимката се гледа маж кој со душек запловил по поплавениот булевар.
View this post on Instagram
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните, додека делови од Скопје и понатаму се справуваат со последиците од силниот дожд, поплавените улици и сообраќајниот метеж низ главниот град.
Текстот (Видео) Скопјанец ја претвори поплавената улица во „базен“ – пловеше на душек по булевар „Србија“ е превземен од МАКФАКС.