Сите хоспиталзирани во штипската болница се невакцинирани, почина еден пациент

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во болниците во Штип и Кочани речиси иднетичен како и вчера. Во штипската болница во последните 24 часа испишани се три пациенти, новопримени две. Со ова бројот на хоспиталзирани е 35 на Инфективното одделение и еден пациент на дневна амбуланта. Кожното одделение при Клиничка болница Штип останува прзно и понатаму. Од хоспитализираните 24 пацинети имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење. Сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување се невакцинирани. Во изминатото деноноќие битката со ковид 19 ја изгубило едно лице на 77 годишна возраст од Штип. Слободни се 25 кревети на Инфективното одделение и 10 на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспиталзирани се пет пациенти од кои двајца се акцинирани, а само едно лице е на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа испиашни се четири лица, новопримени нема. Со ова бројот на слободни кревети на Интерното одделение кое работи како ковид оддел е 22, информираат од кочанската болница.

И борјот на активни ковид случаи во Општините од Истокот без поголеми драстични промени. Моментално активни се 484 ковид случаи, од кои најмногу во Штип 119, во Кочани 108 и во Делчево 105. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 10 ковид случаи.

Според информации од Министерството за здавство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.491.973 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.194, бројот на оздравени пациенти е 204.685, на починати е 7.688, а бројот на активни случаи изнесува 5.821.

Лаура Стојанова М-Нет