„Сите заедно за безгрижни Божиќни празници“- Општина Штип донираше пакети за ранливи семејства

„Сите заедно за безгрижни Божиќни празници“ – Општина Штип и годинава подели пакети со храна на семејства од социјален ризик. Четврта година по ред се поделија пакети со храна за бадниковата вечера и божиќниот ручек на семејства кои немаа можност достоинствено да се подготват за престојните празници.

„Под слоганот „Сите заедно за безгрижни Божиќни празници“ четврта година по ред Општина Штип преку урбаните заедници дели пакети за божиќната и бадниковата вечера. Пакети со најосновни намирници за семејства од социјален ризик со желба и порака за сплотеност.“ – вели Јорданов.

Во периодот кој следи Јорданов посочи дека Локалната самоуправа активно ќе работи на овозможување достоинствен живот на сите граѓани. Помош ќе има и за ранливите категории граѓани со цел да може да им се помогне да живеат достоинствено.

„Сакам во нашиот град да претсоти перидо на развој, бериќет на радост и среќа во секој дом. Она што во перидоот кој ќе се случува е како Локална самоуправа да помогнеме во рамки на нашите надлежности на сите семејства од социјален ризик“ – додава Јорданов.

Активноста на општината е со цел скромна трпеза за Бадник и Божиќ да има во сечии дом.

Лаура Стојанова М-Нет