Сиромашните ќе јадат зеленчук, богатите месо, пазарот во Штип со високи цени

Три леба или килограм домати, вака дел од граѓаните ја опишуваат цената на производите на градскиот пазар во Штип. Велат сирмоашните ќе јадат леб, богатите месо. Поголем дел од купувачите кои зборуваа пред објективот на камерите согласни се дека цените се високи, но благопдарни што барем има производство.

„Просекот е 150 денари во денот, три леба да купам или цел ден домати да јадам. Цените за мене се скапи, а за земјоделците се евтини.

Според продавачите производство има, кај цените не се бележат значителни разлики во споредба со претходниот петок. Ќе има и доволно производство на ајварска пиперка, лошо е само што временските услови уништиле дел од овошките.

На денешниот пазарен ден во Штип најмногу се бараше зеленчукот и сезонското овошје. Но загрижувачки е фактот дека сѐ помалку има работна рака, што за неколку години може да дојде до недостиг на храна.

Лаура Стојанова М-Нет