„Сиромашни“ е епитетот за празничните трпези за стара нова година во Штип

На ден пред дочекот на стара нова година, централното градско подрачје во Општина Штип беше без празнична атмосфера. Можеби ниските температури придонеле да граѓаните излезат од дома само доколку имаат неодложливи задачи за завршување. На терен екипата на М-Нет ги праша дел од штипјани како се подготвуваат за Стара нова година, кои се традициите на вечерта 13 спрема 14 јануари.

„Се слави да, обично поради короната во склоп на семејството само. Инаку, порано и во маалата штипски се славеше. Зависи во кое маало сте различни се и традициите“

Меѓутоа, ниските примања и покачувањето на цените на производите проблем за граѓаните. Велат нема средства ниту за скромна празнична трпеза.

„Кој има пари, тој ќе јаде и ќе пие и ќе ужива, кој нема пари ќе шета по Собрание, по социјално“

„Тешко се издржува, ама мора. Такво е времето, ќе крпиме скромно, мора да се издржува“

„За примањата не ни прашувајте. Многу малку, слабо, голема сиромаштија, денеска има луѓе кои немаат што да си зготват“

Страна нова година се слави 13 спрема 14 јануари секоја година. Ова е втора година како истата ќе се дочека во време на пандемија, но со по лабави мерки за заштита од ковид 19.

Лаура Стојанова М-Нет