Симболично се стави во функција првата АПИ комора во источна Македонија

Првиот ден од големиот христијански празник Велигден се искористи за симболично ставање во функција единствената АПИ комора во источна Македонија која што е во непосредна близина до калиманско езеро.

„Кога човек се грижи за своето здравје препорачливо е да си дозволи барем еден третман во АПИ комората. Тоа помага при проблеми со синусите, главоболка, бронхитис. АПИ терапијата е препорачлива за цел организам посебно за секакви респираторни заболувања астма, мигрена, алергија, стрес, депресија, несоница. Она што се вдишува е комбинација на мед, матична млеч, пчелин отров, перга, прополис како и пчелин восок“  Кажа Илчо Велков пчелар од Македонска Каменица

Какви се бенефити може човекот да добие со терапијата која што ја овозможува АПИ комората, објект во кој воздухот е збогатен со арома создадена од пчелите.

„Со самото вдишување на аеросолот кој што се произведува од страна на пчелите доста помага при респираторните заболувања кај луѓето така да секој човек треба да си дозволи барем една терапија во АПИ комора“

Помеѓу присутните од пчеларската фела беше и Снежана Илиевска една од малкуте жени пчеларки која го руши стереотипот дека пчеларството е машка професија и е доста активна во спортот, таа вели дека ваквата терапија го зголемува максимумот на белите дробови што е добро за спортистите.

„И јас ја имав истата идеа во иднина јас или некој друг кој што сака да направи ќе црпи идеа бидејќи има веќе готов пример и ми се допаѓа многу тоа е промоција за пчеларството освен медот луѓето ќе ги користат и другите благодети. Самата АПИ комора која што е направена од природни материјали треба да биде со мали димензии сместени се пчелните семејства кои треба да бидат силни за таа намена, луѓето ги дишат аеросолите машавина од сите производи и соединенија што ги прави пчелата што е многу здраво пред се за белодробните заболувања. Кај активните луѓе кај спортистите влијае кај максималниот белодробен капацитет едноставно ќе бидат помоќни значи вентилацијата односно размената на кислород во крвта со ваква ихалација се подобрува тој сегмент. Се надевам оваа година ако не направам АПИ комора барем на едно пчелно семејство да поставам инхалатор од кој ќе може да се дише директно во план сум можеби нема да го имам тој поглед на езерото јас ќе има друга гледка но секако планирам“  Истакна Снежана Илиевска пчеларка од Македонска Каменица

Аеро пчелната инхалација е третман кој што се прави е 40 минути, две инхалации од по 20 минути со  еден час пауза помеѓу нив што може да се искористи за пешачење покрај езерото и патеките кои што ги има во непосредна близина на објектот. Пчелите не собираат само мед има многу други производи и соединенија што се корисни за човекот.