Силувана малолетничка во Делчево, приведен 38-годишник, поднесена кривична пријава

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека извршил обљуба над малолетничка. Во координација со Јавен обвинител Г.В. е задржан во Полициската станица Делчево, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка и јавен обвинител.