Силекс се засили со Никола Богдановски и Дарко Илиески

Пволигашот Силекс кој ја темпира формата за новата сезона во Охрид продолжува со промоција на нови засилувања. Последни две имиња кои пристигнаа во кратовскиот прволигаш се Никола Богдановски и Дарко Илиески.

27-годишниот Богдановски во редовите на Силекс доаѓа од српскиот тим Напредок Крушевац, има настапувано за повеќе српски екипи како Земун, Нови Пазар, Радник, Зарково, Бежанија, Раднички, а меѓународна кариера градеше во Казахстан.

Новото засилување на Силекс настапува на крилните позиции, се работи за фудбалер со брзина, продорност и разновидност во играта, што го прават одлично засилување за тимот на Александар Васоски, а Богдановски има и настап за младата репрезентација на Македонија.

30-годишниот Илиески настапува на позицијата централен дефанзивец, има настапувано за Охрид, Шкупи, Струга, пелистер, Борец, Тиквеш, Победа, Металург, 11-ти октомври, а меѓународна кариера градеше во Ерменија, Словенија, Таџикистан и Албанија.

Претходно, Силекс се засили со напаѓачите од Босна и Херцеговина, Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ.

Силекс во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА ќе се соочи со Динамо Минкс.

Александар Ванев, М-Нет