
Кратовскиот прволигаш Силекс продолжува со засилувањата за новата сезона која ќе започне веќе викендот.
Најново засилување кое доаѓа во Кратово е Иван Шуберт. 29-годишниот српски интернационалец ни доаѓа од босанскиот клуб Слобода Тузла.
Кратовци се познати по тоа што своите засилувања ги ангажираат од Србија, а во својата кариера Шуберт има настапи и во ОАЕ, како и за екипите на Радник Бјелина, Земун, Нови Пазар, Бачка Топола, Слобода Тузла.