Вчера во центарот на Штип, во попладневните часови надзорните камери регистрирале дрска кражба од кафе бар. На снимката се гледа како двајца сторители крадат дел од инвентарот од угостителскиот објект.
Надзорна камера викендов фатила на дело и друга кражба, овојпат од куќа во Штип
Заради поголема безбедност,скоро сите угостителски и трговски објекти имаат надзорни камери, но голем е бројот и на граѓани кои со камера се штитат од крадци. Штипјанец за време на викендот бил цел на крадците, но откако ги видел на надзорната камера, сам се впуштил во решавање на случајот.
Mnet.mk во насока на олеснување на работата на полицијата, но и за побрзо откривање на крадците почнува со објава на видеа каде се гледа било каков облик на кршење на правото на сопственост, насилство, вандализам и нарушување на јавниот ред и мир.