
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека утре излегуваат на протест иемнуван како марш на ангелите.
Протестниот марш ќе започне во 12 часот од Градскиот парк кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и завршува пред Основниот суд и обвинителството во Кочани.
Како што посочуваат организаторите на протестите маршот е единствено организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани и не е за поддршка на обезбедувањето со што ги замолија сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат маршот и неговата реализација.
Организаторите јасо потенцираат дека се согласни да се врши снимање на настанот со цел јавноста да знае дека за правдата на нивните деца ќе се борат до крај.
Иван Митев, М-Нет