
Во првиот контролен натпревар на подготовките во Охрид репрезентацијата на Македонија У-21 беше подобра од селекцијата У-19 и победи со резултат од 3:1. Стрелци на головите за селекцијата на У-21 беа Марковси (автогол), Скендери и Ивановски а за У-19 стрелец на голот беше Илиевски од пенал. Селекторите на македонските репрезентации Благоја Милевски и Шкумбин Арслани имаа можност да се уверат во квалитетите на нашите млади играчи кои пред се играат во домашните шампионати. Меѓу играчите кои настапија на овој контролен натпревар беа и играчите на Брегалница од Штип Јован Манев кој настапи во постарата селекција како ои Иван Николов и Константин Коцев кој настапија во селекцијата на Македонија У-19. Младите селекции на Македонија на програмата ќе имаат одигрување на уште еден контролен натпревар кој ќе се одигра на 23 декември.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk