Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Летонија и Фарски Острови

ФОТО: ФФМ

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија и Фарски Острови, кој Македонија ќе ги одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија е лидер во својата група од Лига на нации со десет бодови на своето конто.

Селекторот ги повика голманите Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Игор Алексовски и Марко Алчевски.

Во одбраната ќе бидат Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Андреј Стојчевски, Бехар Фета и Дарко Алексовски.

Во средниот ред ќе биде Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски, Сефер Емини, а пак во нападот се Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили, Димитар Митровски и Кристијан Трапановски.

Македонија првиот меч го игра против Летонија на 14. ноември, а пак против Фарски Острови играме на 17. ноември, на двата натпревари нашата репрезентација е фаворит за нови две победи.

Александар Ванев, М-Нет