
Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува Тиквеш од Кавадарци, во рамки на 17. коло од Првата лига, а „Комити“ преку објава информираа дека секој кој ќе носи македонско знаме на натпреварот ќе има бесплатен влез на натпреварот.
„Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот. Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот“, се вели во соопштението на „Комити“.
Двете екипи играат меч каде трите бодови се од капитална важност за бегство од опасната зона, а мечот започнува во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет