„Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување“, велат од ДУИ

„Европската комисија јасно стави до знаење: патокази за пристапување ќе бидат подготвени за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина. Северна Македонија не е на листата. Некогаш бевме први во регионот. Денес сите одат напред, додека ние остануваме во место“, велат од ДУИ.

„Ова е директна последица на политиките на оваа Влада. За две години не понудија ниту едно решение, не отворија ниту едно поглавје и не направија ниту еден чекор напред. Само оправдувања, конфликти и обвинувања кон другите.

Сега доаѓа сметката. Другите ќе имаат план, рокови и подобар пристап до европските фондови и пазарот на ЕУ. Северна Македонија се оддалечува од групата земји што напредуваат кон членство.

Владата мора да им одговори на граѓаните: зошто останавме надвор, кој е планот и колку ќе ја чини државата оваа блокада?

Одговорноста е на Владата. Ја презедоа државата со отворен пристапен процес, а ја оставаат без пат, без рок и надвор од мапата на проширувањето.

Европа оди напред. Албанија и Црна Гора одат напред. Само Северна Македонија е држена како заложник од оваа Влада“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Текстот „Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување“, велат од ДУИ е превземен од МАКФАКС.