
Нарушувањето на редот во градот е честа видна слика да се заблежи во Штип. Поставените заштитни столпчиња со цел заштита и безбедноста на пешаците во изминатиот период, на неколку локации сега се делумно извадени. Ова се прекршува од страна на граѓаните со што на истото место ги паркираат своите автомобили, имајки во предвид дека делумно од нив немаат сопствени гаражи.
“И покрај тоа што во изминатиот период на повеќе локации во градот поставивме заштитни столпчиња, во интерес на безбедноста на пешаците, кои што минуваат и ги користат тротоарските површини. Гледаме почести примери каде што се острануваат или оштетуваат заштитните столпчиња, а целото тоа е со цел најчесто за да возилата можат да си ги паркираат. Нашите екипи постојано излегуваат и интервенираат, ги санираат ваквите оштетувања, меѓутоа граѓаните мораат да сфатат дека ние за тоа губиме време и значително финансиски средства „ истакна Панче Стефановски, директор на ЈП”Стипион”
Секоја населба во градот од 100 до 200 метри има обезбедено слободни паркинг позиции за возилата, додава Стефановски и апелира на голема внимателност, имајќи во предвид дека секое прекршување носи санкции и казни.
“Сакам да апелирам до луѓето да не го прават ова, да не ги отстрануваат заштитните столбчиња, а кај секој од нас мора да работи колективната свест, мора да се стави во фокус безбедноста на пешаците и ние мораме да се однесуваме во согласност со тоа. Одговорно тврдам дека во секоја населба во градот, во радиус од 100 до 200 метри има слободни паркинг места за возилата. Во изминатиот период се уредени нови паркинг површини за граѓаните и со тоа систематски и етапно проблемите со паркирањето се решаваат.“ додава Стефановски
Согласно со ситуацијата, надлежните се секогаш на терен и си ја вршат должноста околу ставањето на ред во градот, а од ЈП“Стипион“ истакнуваат дека во следниот период ќе се работи за воспоставување на нови паркинг позиции, се со цел да се намали метежот и нередот во самиот град.