Општина Шрип продава градежна парцела кај место викано Стари бунари во Штип, на површина од 8700 метри квадратни

Се продава една градежна парцела на место викано Стари бунари или Туртел во Штип. Објавен е огласот од страна на комисијата за отуѓување на градежно земјиште, и самата парцела ГП1 е ставена на продажба. Заинтересираните субјекти може да поднесуваат пријави до 26 февруари 2024 година, а лицитацијата ќе се одржи на ден 28 февруари. Сите потребни информации за пријавата се веќе објавени и може да се видат на страната на општината.

„Оваа градежна парцела е со намена големи единици за трговија и истата е со вкупна површина од 8700 метри квадратни. Заинтересираните субјекти ќе може да поднесат пријави заклучно со 26.02.2024 година, а лицитацијата ќе се одржи на 28.02.2024 година.“ – вели Хаџи Николов.

Од Одделението за урбанизам при Општина Штип посочија дека заинтересираните треба да приложат банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари. Почетната цена за наддавање на парцелата е 2300 денари.

„Помеѓу останатите документи кои треба да бидат приложени кон пријавата, заинтересираниот објект треба да приложи банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари. Почетната цена за наддавање за оваа градежна парцела е 2300 денари со чекор на наддавање од 230 денари.“ – вели Хаџи Николов.

Програмата за отуѓување на градежно земјиште за подрачје на Општина Штип за 2024 година предвидува и други локации за отуѓување. Тие ќе бидат понудени на продажба кога ќе се создадат соодветни услови за тоа во текот на годината посочи Хаџи Николов.

Лаура Стојанова М-Нет