Се празнува Свети Георгиј Кратовски – македонецот кој жив горел за својата вера

Се празнува македонскиот светител Георгиј Кратовски, кој маченички пострада за Христа. Со потекло од градот Кратово, ова младо момче било мачено со страшни маки од страна на турците, кој најпосле жив го запалиле. Имал само 18 години, кога тие сакале да го потурчат, но тој останат тврд во верата како прекрасен дијамант. Пострадал на 11 февруари 1515 година во Софија, оставајки вечна порака за Македонецот како се брани својата Православна вера, својата татковина Македонија и својот македонски идетитет. Осумнаесетгодишното момче свети Ѓорѓи, со своето жртвување, не потсетува на првохристијанските времиња, како се победуваат човечките страдања, како се здобива човечката храброст и како се добива последната победа на земниот живот со силната љубов и вера во Божјата вечна правда и својот народ.

Светителот бил запален среде плоштад . Таму му ја соблекле кошулата на светителот и го турнале во огнот. Кога телото му се покрило со пликови, тие го извадиле и пакосно го прашале дали му е топло? Светителот им одговорил: “Верувајте ми дека ништо не чувствувам. А за вас, несреќни, готов е вечниот оган “. Тогаш пак го фрлиле во огнот, а тој се прекрстил и силно извикал: “Господе Исусе Христе, во твоите раце го предавам својот дух!”. Тогаш некој од толпата го удрил со цепаница по главата и Свети Ѓорѓи ја испуштил својата душа.

Иван Митев, М-Нет