
Црквата Свети Архангел Михаил во горно маало во Штип денес со отворени порти пречека голем број верници и се одбележа празникиот, познат меѓу штипјани како Свети Рангел. Во старата црквичка се одржа утринска богослужба, а храмот се исполни до последно место. Верниците дојдоа од сите страни, а дел останаа и надвор за да присуствуваат. Настанот уште еднаш ја потврди црквата како важен духовен центар за заедницата. Граѓаните со мир на душата и радост во срцето поагаѓајќи накај дома, за М-Нет го истакнаа длабокото значење на овој голем ден.
Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот .) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како демони.
Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото. Овој празник се празнува секогаш на 21 ноември, менува ден, но никогаш таму, а именден празнуваат сите оние кои што го носат името Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила и слично.
Иван Митев, М-Нет